Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Ерменија со 0-2 во Ереван и го осигура првото место во групата во Лига Ц од Лигата на нации. Бојан Миовски и Исник Алими постигнаа голови за паметење, а долго ќе се памети и низата од три победи по ред на нашиот национален тим.
Стефан Ашковски и Ѓоко Зајков, насмеани, по одличните резултати.
“Среќни сме, одигравме храбро и заслуживме да победиме и во Рига и во Ереван. Мислам дека ова е првпат Македонија да слави на три меча по ред и навистина е нешто. Не е така лесно, верувајте, како што сега изгледа. Пресудна беше победата против Ерменија во Скопје, кога славевме и со десетмина. Тогаш го фативме моментот, ја зголемивме самодовербата”, вели Ашковски.
Ѓоко Зајков се надоврзува и најавува дека Македонија сака да ја продолжи серијата и во ноември.
“Не застануваме тука. Следниот месец ќе играме два натпревари дома, па сакаме серијата победи да биде уште поголема. Драго ми е што и одбраната беше на ниво, не примивме гол ма трите последни мечеви. Головите на Миовски и на Алими беа неверојатни, исто како и претходните од Рига, на Елмас, Атанасов и на Ќамили. Напредуваме постојано и тоа може само да радува”, истакна Ѓоко Зајков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













