
МАКФУДБАЛ во Ереван,
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари голем триумф (0-2) против Ерменија во Ереван и е на прагот да го осигура првото место во групата од Лигата на нации.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од триумфот и победата им ја посвети на фудбалерите, на Фудбалската федерација која им ја дава поддршката, но и на фудбалската јавност која верува во нашиот национален тим.
„Македонија беше подобар тим и мислам дека заслужено победивме. Сакам да им честитам на фудбалерите, ова е уште една нивна голема победа. На почетокот постигнавме гол кој не беше признат со ВАР одлука, Ерменија имаше свои моменти, но во глобала, сепак, нашиот триумф е заслужен, постигнавме два убави гола преку Миовски и Алими. Ме радува фактот што знаеме да оствариме резултат. После некои индивидуални грешки, секој друг фудбалер знае да ја исправи грешката на ближниот свој. Ме радува што полека ја постигнувам целта, да изградиме една група на одлични момци, со цврт карактер, но и одлични фудбалери. Овие момци испраќаат преку репрезентацијата и пораки до нивните тренери во клубовите, дека на нив треба сериозно да се смета. Што се однесува до судиските одлуки и проверката во ВАР-собата, никогаш не ги коментирам“, изјави селекторот Благоја Милевски на прес – конференцијата по мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
