
МАКФУДБАЛ во Ереван,
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 0-2 во Ереван, со што речиси го обезбеди првото место на табелата пред последниот ноемвриски циклус од Лигата на нации.

Бојан Миовски постигна одличен гол во 72-та минута, а Исник Алими подоцна го зголеми водството со прекрасен погодок од далечина, осигурувајќи голема победа за националниот тим.
Ова е втора победа на Македонија против Ерменија и трета во четири натпревари во Лигата на нации.

Оваа победа не само што ги носи Македонците до 10 бодови, туку ги става и во трка за место во бараж за пласман на Светското првенство.
Во петтата минута, Македонија постигна гол, но ВАР технологијата го поништи откако Никола Серафимов ја затресе мрежата со глава по нафрлувањето на Елиф Елмас. По подолга проверка, беше досуден офсајд, веројатно за неколку милиметри.
Ерменците се обидуваа да создаваат шанси, но често грешеа во завршните додавања или упатуваа непрецизни удари кон македонскиот голман Димитриевски. Во 15-та минута, Хофханисјан шутираше над голот, додека Едуард Спертсјан во 32-та минута имаше подобра можност, но и неговиот шут беше непрецизен.
Најдобрата шанса за Ерменија во првиот дел дојде во 45-та минута, кога Миранјан упати удар со глава, но топката заврши крај дирекот. Во вториот дел, Миранјан продолжи да се заканува, но Димитриевски одлично одбрани.
Во 62-та минута, Енис Барди со слободен удар од далечина испрати директен удар кон голот, но Чанчаревиќ со тешкотии успеа да одбрани. Одбиената топка не ја искористи Дарко Велковски. По три минути, Ќамили упати удар со левата нога, но не беше прецизен.
Македонија го отвори резултатот во 72-та минута со одлична тимска игра, по која Бојан Миовски постигна прекрасен гол, шутирајќи откосо од десната страна. Потоа, во 85-та минута, Исник Алими со фантастичен удар од работ на шеснаесетникот го постави конечниот резултат од 0-2.
ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 0-2 (0-0)
Стадион „Вазген Саргсијан“ во Ереван. Гледачи: 14.000. Судија: Стјуарт Атвел (Англија). Стрелец: Миовски 72′, Алими 85′ (Македонија). Ж. картони: Цалисир, Иву (Ерменија), Манев (Македонија).
ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Хофханисјан (74′ Дашјан), Харојан, Цалисир (65′ Харутјунјан), Тикнизјан, Мурадјан (80′ Мавелјан), Иву, Спертсјан, Бичакчјан (74′ Севикјан), Миранјан (65′ Ранос), Зеларајан.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Серафимов, Зајков, Манев (54′ Велковски), Алиоски, Димовски (54′ Ќамили), Алими, Атанасов (54′ Костадинов), Барди (86′ Ашковски), Елмас, Миовски (79′ М. Ристовски).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
