Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 1. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Стартот на новата сезона во второлигашката конкуренција само ги потврди очекувањата пред почетокот на шампионатот. Во Втората лига – Исток, сосема јасно, Брегалница и Тиквеш ќе ја водат трката за водечката позиција остварувајќи гостински победи против Каменица Саса односно Плачковица во 1. коло. Единственото изненадување на почетокот од сезоната е ремито без голови на најголемиот фаворит за прволигашка промоција во Втората лига – Запад, екипата на Гостивар која не успеа да победи на домашен терен со Охрид.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 1. коло од двете второлигашки конкуренции…

1. Никола Симоновски (Охрид)
– Одличен на голот на охриѓани, еден од најзаслужните во составот на Драган Бочевски за освоениот бод на тешкото гостување против Гостивар.

2. Филип Димоски (Победа)
– Беспрекорен по десната страна и во офанзивните и во дефанзивните задачи, стрелец и на убав погодок во триумфот против Кит Го.

3. Томица Петров (Кожуф)
– Одличен во дефанзивата, сето тоа заокружено и со погодок за триумф против Осогово.

4. Методија Делов (Тиквеш)
– Творецот на победата на кавадарчани на гостувањето против Плачковица. Стрелец на единствениот гол, одлично реагирајќи во домашниот шеснаесетник, за три бода за Тиквеш.

5. Дарко Анѓелески (Победа)
– Квалитетна партија на Анѓелески, партиципирајќи и со погодок во убедливата победа од 4-1 против пехчевци.

6. Роберт Димитријески (Победа)
– Извонреден во првото полувреме, максимално контрола на средината од теренот. Стрелец и на еден од головите за прилепчани.

7. Дарко Ѓурчиновски (Скопје)
– Еден од најзабележителните во победата на Скопје против Велазерими во дербито на Втората лига – Запад. 

8. Ујкан Муча (Кораби)
– Кораби стигна до гостинска победа против Тетекс, а младиот Муча одигра одличен натпревар запишувајќи се и во листата на стрелците во победата од 0-2.

9. Игор Клечкароски (Велешта)
– Прва второлигашка победа во историјата за Велешта. А, трите бода против Кадино ги донесе офанзивецот Клечкароски.

10. Антонио Јанев (Росоман)
– Прва второлигашка победа во историјата и за Росоман. Антонио Јанев го постигна можеби најубавиот погодок во првото коло во второлигашката конкуренција, директно од слободен удар погодувајќи во победата од 2-1 против Слога Виница.

11. Мартин Стојанов (Брегалница)
– Брегалница триумфираше на секогаш жешкото гостување против Саса во Македонска каменица. Мартин Стојанов е најзаслужниот за триумфот, постигнувајќи прекрасен гол со удар од 16 метри за победа од 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови