
Бразилскиот играч за врска, Даглас Луиз (26), минатото лето пристигна во Јувентус од Астон Вила за сума од 51,5 милиони евра. Во Астон Вила имаше одлична сезона во Премиер лигата, постигнувајќи девет голови и запишувајќи пет асистенции во 35 настапи, играјќи вкупно 3002 минути. Очекувањата беа дека ќе продолжи со добрата форма и во Јувентус, но засега е далеку од своето најдобро издание.
Досега Даглас Луиз има осум настапи под водство на тренерот Тијаго Мота, но ниту еден од нив не започнал од првата минута. Во Серија А и Лигата на шампионите одигра само 222 минути, а во последните два натпревара направи пенал. Во победата од 3-2 против Лајпциг неговата грешка не го чинеше Јувентус многу, но во неделниот натпревар против Калјари таа имаше значително влијание.
Јувентус неочекувано одигра 1-1 против Каљари на домашен терен, а Луиз со невнимателен прекршок во завршницата направи пенал, што им овозможи на гостите да освојат бод.
Даглас Луиз засега не успева да ги исполни очекувањата на Тијаго Мота и поради тоа е во втор план. Јувентус ќе му даде време до зимата за да се прилагоди, а потоа ќе се донесе одлука за неговиот статус.
Бразилецот моментно вреди 75 милиони евра, а претходно играше и за Манчестер сити, Жирона и за Васко да Гама.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
