Втората рунда натпревари во второлигашката конкуренција ги издвојува екипите кои ќе се борат за врвот и прволигашка промоција низ актуелнава сезона. Кораби и Гостивар на Западот, како и Брегалница и Победа на Истокот се екипите кои се издвојуваат на почетокот. Вистинско изненадување на стартот од сезоната е Охрид кој бележи одлични игри. По ремито против фаворизираниот Гостивар во првото коло, избраниците на Драган Бочески сега славеа против Велешта.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 2. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. Трајче Ников (Кожуф)
– Сигурен во неколку наврати на голот на гевгеличани кога се одржуваше негативата од минус еден гол, за на крајот и за реми на неговиот тим.
2. Наум Вељаноски (Охрид)
– Еден од најдобрите на теренот на дуелот меѓу Охрид и Велешта. Одлично во дефанзивата но и максимално активен во нападот. Асистент со одличен центаршут при победничкиот погодок на Охрид.
3. Мирче Попов (Кожуф)
– Сигурен во одбраната, но и максимално контролирајќи ја последната линија за врска каде се одигра клучната улога за ремито на дербито против Тиквеш.
4. Љупче Трпески (Охрид)
– Херојот во победата на охриѓани. Покрај сигурноста во одбраната, на крајот постигна и прекрасен погодок со глава за три бода на Охрид од пресметката со Велешта.
5. Анџело Николовски (Брегалница)
– Уште една извонредна партија на младинскиот репрезентативец. Беспрекорен по левата страна, а и асистент за првиот погодок на штипјани.
6. Филип Димоски (Победа)
– Нова одлична игра на младиот Филип Димоски за прилепчани. Продолжува да стрела, сега со два погодоци во победата од 3-0 против Росоман.
7. Александар Пановски (Слога Виница)
– Потврдува дека ќе биде одлично засилување за Слога Виница. Стрелец на еден од головите за први три второлигашка бода на виничани.
8. Наумче Бакрачески (Брегалница)
– Позитивно издание на средината од теренот зачинето со убав погодок кој ја најави новата победа на Брегалница.
9. Христијан Кировски (Гостивар)
– Деби голови во дресот на Гостивар. Два погодоци за гостинска победа против Тетекс.
10. Блерим Муча (Кораби)
– Човекот на одлука за втора победа на Кораби. Го постигна одлучувачкиот гол за триумф на неговиот тим против Велазерими.
11. Иван Настевски (Гостивар)
– Квалитетен натпревар на крилниот офанзивец на гостиварци зачинет и со погодок во триумфот од 1-3 на гостувањето против Тетекс во Тетово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski