Connect with us

Чеде Јаневски повторно ќе работи на Кипар

Чедомир Јаневски повторно ќе работи на Кипар. Тој е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кипарскиот тим Неа Саламис и по одредена пауза пак ќе биде дел од кипарскиот шампионат.

Јаневски претходно работеше во неколку клубови на Кипар, Етникос Ахна, АЕЛ Лимасол, Олимпијакос Никозија.

Поранешниот македонски селектор во кариерата беше дел и од Клуб Бриж, Ал Шабаб, Црвена Звезда, Монс, го предводеше и најтрофејниот македонски клуб Вардар во периодот кога настапуваше во групната фаза од Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови