Актуелниот шампион Струга Трим Лум оствари убедлива победа против Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ со резултат 1-4. Во исто време, натпреварите помеѓу Шкендија и Гостивар завршија нерешено, а Работнички сега е новиот лидер на табелата откако триумфираше против Воска Спорт со 0-2 на гостински терен.
Струга ТЛ брзо го отвори натпреварот преку Беким Камбери кој погоди во третата минута, додека Вардар израмни преку Немања Босанчиќ во 27. минута. Сепак, Басиру Компаоре со два гола обезбеди ново водство за Струга пред полувремето и во второто полувреме, правејќи го резултатот 1-3. До крајот на натпреварот, Кехинде постигна уште еден погодок за конечни 1-4.
Во меѓувреме, Шкендија одигра без голови 0-0 на гости против Силекс, и покрај тоа што играше со фудбалер помалку од 56-та минута поради црвениот картон на Александер Трумчи.
Гостивар, пак, на домашен терен ремизираше 1-1 против Беса. Иван Ивановски во 61.минута донесе предност за Гостивар, но израмни Емир Скендери со голот во 84.минута од дуелот.
Работнички забележа победа против Воска Спорт со головите на Али Регба во 40. минута и Атдхе Мазари во 75. минута, што му донесе прво место на табелата.
Шкупи, пак, под водство на новиот тренер, го совлада Брера со 3-1, а Пелистер и Тиквеш одиграа без голови (0-0).
Едмундсон во шестата минута го отвори резултатот на Чаир, а Јумеми Канда во 20.минута зголеми на 2-0. Ѓорѓе Ивковиќ постигна погодок за Брера во 43.минута, но Нуман Ајетовиќ во 73.минута го потврди триумфот на Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-4
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0-0
ГОСТИВАР – БЕСА 1-1
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 0-2
ШКУПИ – БРЕРА 3-1
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski