
Во Шкупи се менуваат тренери како на филмска лента. Само неколку кола откако Матија Мирков го замени Ернест Ѓока на клупата, тој денеска си поднесе оставка по поразот од Работнички (2-1) на Националната арена „Тодор Проески“.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите мои играчи, целиот стручен штаб и управата на клубот што ми ја дадоа можноста да работам со нив речиси четири години. Имаше многу подеми и падови, но таков е животот. За мене, беше задоволство во секој момент, вложував 100% на секој тренинг затоа што навистина уживав во тоа. Сепак, дојде време да ги разделиме нашите патишта, па од сè срце им посакувам се најдобро на сите во клубот во иднина. Кренете ги главите момци, светла иднина ве чека пред вас. Напред Шкупи!“, објави Матија Мирков на социјалните мрежи.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
