Connect with us

Тим Хауард: Пеп Гвардиола го уништи фудбалот

Поранешниот американски голман Тим Хауард (45) во подкастот „It’s Called Soccer“ изјави дека Маурисио Покетино со американската репрезентација не треба да се обидува да го копира стилот на Манчестер Сити, кој го наметна Пеп Гвардиола.

„Кога ќе погледнете на мојата генерација, бевме група на цврсти, сурови играчи. Имавме неколку играчи кои правеа клучна разлика. Тој го убеди тимот дека може да се надигрува и да игра добро во фаза на напад. Се случи тоа што Пеп Гвардиола го уништи фудбалот. Гвардиола ги научи сите дека можат да играат офанзивен фудбал. Но, не можат, не можат сите да го прават тоа, само три тима во светот можат“, смета Хауард, кој има одиграно 121 натпревар за САД, додека својата клупска кариера ја помина во Норт Џерси Империјалс, Метро Старс, Манчестер Јунајтед, Евертон, Колорадо и Мемфис. Се пензионираше во 2020 година.

Хауард смета дека репрезентацијата на САД под водство на Покетино треба да изгледа како Тотенхем, кој во 2019 година стигна до финалето на Лигата на шампионите и таму загуби од Ливерпул.


„Покетино во Тотенхем играше со две линии од по четири играчи и двајца напред. Беа цврсти во одбраната, или барем се обидуваа да бидат. Ако Покетино внесе решителност во одбраната, САД има доволно играчи во напаѓачките позиции за да биде опасен“, верува Хауард.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови