Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ, поднесе оставка, пренесува српски „Телеграф“.
Изворот наведува дека својата одлука ја соопштил на раководството на клубот и спортскиот сектор, кои денес ќе расправаат за тоа.
Одлуката на Станојевиќ следеше по тешкиот пораз од Црвена Звезда во 174. вечно дерби, како и поради скандирањата на навивачите против него, а и немилите сцени по натпреварот кога поради незадоволството на одредени навивачи заработи полесни телесни повреди на лицето.
Станојевиќ по третпат во својата тренерска кариера го презеде Партизан пред само четири месеци, но елиминацијата од сите три европски натпреварувања и слабиот почеток на сезоната во Суперлигата на Србија очигледно влијаеле на ваквата одлука на тренерот, кој со Партизан потпиша тригодишен договор.
Искусниот стручњак седна на клупата на Партизан по смената на Игор Дуљај, минатото лето се обиде да состави тим кој ќе одговори на секогаш високите барања во Хумска, без оглед на моменталната состојба во клубот, но тоа не се случи.
Станојевиќ го предводеше Партизан во 13 натпревари оваа сезона, остварувајќи само три победи, три нерешени резултати и дури седум порази.
Последниот и понижувачки пораз од Црвена Звезда со 0-4 на домашен терен беше капката што ја прели чашата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













