
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека му е жал што францускиот фудбалски репрезентативец, Килијан Мбапе, го напушти клубот од Париз и прејде во Реал Мадрид.
„Килијан е одличен играч и личност каква што тешко се наоѓа кога зборуваме за фудбалери на неговото ниво. Штета што замина во Реал“, рече Енрике за „Мувистар“.
Мбапе помина шест сезони во Пари Сен Жермен. Тој одигра 308 натпревари за клубот од француската престолнина и постигна 256 голови.
„Ќе мора да научиме како да играме без Килијан. Тоа е нешто што сите тренери мораат да го направат“, додаде Енрике, кој нагласи дека нема лоши односи со фудбалерот.
Францускиот репрезентативец оваа сезона настапи за Реал на осум натпревари и постигна шест гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
