Бразилскиот фудбалер на шпанскиот Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе ја освои „Златната топка“ – наградата за најдобар играч во светот за годината, која ја доделува списанието „Франс Фудбал“, објави шпанскиот весник „Марка“.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 28 октомври во Париз, но веќе излегле предвремени информации. Напаѓачот бил информиран дека ќе го добие признанието, а од компанијата „Најки“ подготвиле специјални златни копачки во чест на овој настан.
#LaPortada 🗞 'Todos los caminos conducen al oro' https://t.co/lBtJo12Mch
— MARCA (@marca) September 24, 2024
„Бразилската ѕвезда целосно заслужи да биде ѕвездата на гала вечерта на доделувањето на ‘Златната топка’ на 28 октомври во театарот ‘Шатле’ во француската престолнина. Не беше лесно да се стигне до врвот на светскиот фудбал. Да се чувствуваш како центар на фудбалската вселена, опкружен со ѕвезди, е нешто што е резервирано за најголемите, меѓу кои сега е и Винисиус“, напиша „Марка“.
24-годишниот Винисиус Жуниор игра за Реал Мадрид од 2018 година, кога премина од бразилскиот Фламенго. Со мадридскиот клуб, тој трипати го освои шампионатот и Суперкуп на Шпанија, еднаш националниот Куп, двапати Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.
„Златната топка“ се доделува од 1956 година. Рекордер по број на награди е аргентинскиот ас Лионел Меси, кој ја има освоено осум пати во својата кариера, а со пет награди е португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski