
Барселона сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред Френки де Јонг. Сегашниот договор на Холанѓанецот трае до летото 2026 година, но во клубот веќе работат на негово продолжување, открива трансфер експертот Николо Скира.
„Барса работи на продолжување на договорот на Френки де Јонг до 2029 година“, објави Скира.
27-годишниот играч од средниот ред сè уште се опоравува од повредата што ја доби минатата сезона и сè уште нема одиграно минути од почетокот на тековната сезона. И покрај тоа, раководството смета на него на долг рок и е подготвено да му понуди нов договор.
Инаку, од неговото пристигнување на „Камп Ноу“ од Ајакс во 2019 година, Де Јонг има одиграно 213 натпревари, во кои постигнал 17 голови и има 21 асистенција за Барса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal