Манчестер Сити нема да смета на својата ѕвезда Ерлинг Хaланд за претстојниот натпревар против Вотфорд вечерва во „Карабао Купот“. Норвежанецот добил дозвола од управата на клубот да се врати во својата татковина поради тажен повод. Причината е смртта на близок човек.
Станува збор за Ивар Егја, кој неодамна почина. Тој беше кум на свадбата на Алфи Халанд и за Ерлинг беше речиси како чичко.
Холанд можеше да се врати и порано, но самиот одлучи да остане во Англија и да учествува во натпреварите против Брентфорд, Интер и Арсенал. Сепак, сега се врати во својата татковина за да присуствува на погребот на Егја.
Така, Холанд ќе го пропушти натпреварот против Вотфорд, но се очекува да се врати навреме и да биде на располагање на Пеп Гвардиола за следниот дуел на „граѓаните“ против Њукасл во сабота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













