Српскиот првак Црвена Звезда убедливо го победи Партизан со 0-4 на гости. Тоа е најубедливиот триумф во историјата што „црвено-белите“ го оствариле во домот на најголемиот ривал.
Разликата во квалитет е очигледна оваа сезона, а фудбалерите на Владан Милојевиќ немаа милост кон противникот.
Шериф Ендиаје од пенал го отвори резултатот во 24.минута, а Силас пред истекот на првиот дел зголеми на 0-2.
⚽️GOAL | Partizan 0-2 FK Crvena zvezda | Silaspic.twitter.com/DnGJZDViR0
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 23, 2024
Во второто полувреме, Шериф Ендиаје постигна уште два гола, во 55. и во 65.минута и комплетираше хет-трик.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski