
Сезоната за голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, заврши поради тешка повред.а Деталните медицински прегледи покажаа дека германскиот голман има целосно кинење на пателарната тетива на десното колено. Тој ќе биде опериран уште денес, а неговото закрепнување ќе трае околу осум месеци.
„Тер Штеген има целосно кинење на пателарната тетива на десното колено. Попладнево ќе биде подложен на хируршки зафат. По завршувањето на интервенцијата ќе биде издаден нов медицински извештај“, соопшти Барселона.
Оваа повреда Тер Штеген ја заработи на натпреварот против Виљареал во Ла Лига, кој Барселона го доби со 5-1. Иако првичните прогнози не беа толку песимистички, прегледите потврдија дека станува збор за една од најтешките повреди во фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal