Connect with us

Ферлан Менди останува на „Бернабеу“ до 2027 година

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферлан Менди, потпиша нов договор со клубот, потврди тренерот Карло Анчелоти. Договорот ќе биде валиден до јуни 2027 година, што значи дека францускиот дефанзивец ќе остане уште три години во шпанскиот клуб.

„Сè е потпишано, да. Многу сме среќни со Менди“, изјави Карло Анчелоти.

Ферлан Менди е клучен играч на левата страна од одбраната на Реал Мадрид во последните сезони, но негов проблем се честите повреди кои ја следат неговата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови