Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2-2 на „Етихад“ во дербито од петтото коло на Премиер лигата. Домаќнот поведе со голот на Ерлинг Холанд во деветтата минута, но набргу потоа, Родри се повреди и го напушти теренот во 21. минута.
Арсенал направи пресврт во првото полувреме со голови на Рикардо Калафиори и Габриел Магаљаеш. Во судиското продолжение од првото полувреме, Арсенал остана со десетмина играчи поради вториот жолт картон на Леандро Тросар.
Манчестер сити притискаше во второто полувреме, а Џон Стоунс постигна гол дури во 98. минута за да обезбеди реми (2-2).
По натпреварот, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим сепак го добил тоа што го заслужил, да не го загуби дербито.
„Не знам колку играчи на Арсенал имаа грчеви, но тоа е нормално во ваков интензивен натпревар. Ние постојано напаѓавме, но тешко беше да се постигне гол бидејќи тие имаа играчи како Деклан Рајс, Вилијам Салиба, Габриел и Калафиори пред шеснаесетникот. На крајот го добивме тоа што го заслуживме“, изјави Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













