Милан конечно успеа да ја прекине серијата од шест последовни порази против Интер, победувајќи со 2-1. Тренерот Пауло Фонсека ги пофали играчите за нивната храброст, истакнувајќи дека оваа победа е многу важна поради лошата форма на тимот од почетокот на сезоната.
„Сега ќе имаме поголема самодоверба, но за мене најважно е да продолжам да гледам дека фудбалерите ги следат нашите идеи. Знаеме дека треба да покажеме уште подобар фудбал. Овој триумф е заслуга на момците кои успеаја да максимално да се мотивираат за ова дерби“, изјави Пауло Фонсека.
Фонсека посочи дека не направил големи тактички промени, но различниот пристап на играчите кон натпреварот бил клучен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













