
Арсенал на крајот пропушти голема победа на „Итихад“ против Манчестер Сити во судиското продолжение. Џон Стоунс го спаси Манчестер Сити, погоди во 97. минута, поставувајќи го конечниот резултат 2-2, откако Арсенал играше со десет играчи цело второ полувреме по црвениот картон на Тросар на крајот од првото полувреме.
Ерлинг Халанд донесе предност за Манчестер Сити во деветтата минута, но Рикардо Калафиори, со својот прв гол во Премиер – лигата за Арсенал, израмни во 22. минута.
Габриел постигна втор гол за Арсенал во 45. минута, но Тросар доби втор жолт картон и беше исклучен.
Во второто полувреме, Сити постојано напаѓаше, а Стоунс на самиот крај успеа да израмни на 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal