Група хулигани во текот на изминатата ноќ влезе на стадионот на Партизан и ја уништиле тревната подлога, открива српски „Телеграф“. Поради ова, неизвесно е одигрувањето на утрешното дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда. Сепак, ќе биде сторено сѐ за мечот да се одигра.
Како што пренесува „Телеграф“ вработените од одржувањето веднаш ги известиле сите клупски служби, кои повикале полиција и се очекува понатамошна истрага во текот на денот.

Се наведува дека групата хулигани ги пробила бравите на стадионот во Хумска, влегла и ја уништила тревната подлога. На теренот е фрлена киселина и скршени се стакла.
Се следат снимките од безбедносните камери за да се идентификуваат извршителите на ова дело, а клубот исто така започнал итни мерки за санација на теренот. Сите во клубот се надеваат дека надлежните брзо ќе ги најдат одговорните и дека ваквите инциденти ќе се спречат во иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













