
Раководството на Манчестер Јунајтед активно го следи Крис Риг од Сандерленд и скаутите на клубот инсистираат на негов брз трансфер на „Олд Трафорд“. Стручњаците веруваат дека Риг може да биде следната голема ѕвезда на англискиот фудбал и не сакаат да го испуштат, следејќи ја лекцијата што ја научија со Џуд Белингам.
Клубот имаше интерес кон Белингам кога тој замина од Бирмингем Сити во 2020 година, но не успеаја да го убедат да се приклучи. Затоа сега се решени да делуваат брзо и да склучат договор со Риг.
Се очекува тинејџерот да остане во Сандерленд до крајот на сезоната и евентуално да се приклучи кон клубот следното лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski