Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше задоволен од изданието на својот тим на натпреварот против Еспањол. „Кралевите“ примија гол на почетокот од второто полувреме, но реагираа веднаш и стигнаа до победа од 4-1.
„Задоволен сум од тоа што го видов. Добивме убав натпревар и реагиравме позитивно по примениот гол. Почнавме да играме многу подобро, создадовме шанси и реализиравме некои од нив“, изјави Анчелоти.
Винисиус Жуниор влезе од клупата и го водеше Реал Мадрид до победата над Еспањол.
„Упативме многу удари, брзо ја враќавме топката и не можеме да бидеме незадоволни. Постепено се приближуваме до нашата најдобра верзија“, истакна италијанскиот стратег.
„Карвахал доби мала повреда, но не е ништо сериозно. Белингам имаше проблеми со рамото, но тие брзо исчезнаа и нема од што да се грижиме“, додаде Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













