Европскиот фудбалски распоред е пренатрупан и фудбалерите се закануваат со штрајк, затоа што не можат да го издржат пеколното темпо. На оваа тема изјави дадоа неколку фудбалери, но и Луис Фиго, кој истакна дека ако има помалку натпревари, веројатно и платите на фудбалерите ќе бидат помали.
Карло Анчелоти на денешната прес – конференција истакна дека фудбалерите се подготвени да добиваат помали плати, доколку се играат помал број на натпревари.
„Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат платите“, изјави Анчелоти.
Одредени играчи на Реал Мадрид, и на поголемиот дел од европските гиганти, во сезоната може да одиграат и повеќе од 70 натпревари, а тоа, според Анчелоти, е премногу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













