
Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, би можел да стане сопственик на францускиот клуб Нант, тврди „Л’Екип“.
Англискиот репрезентативец ќе се обиде да го купи осумкратниот шампион на Франција заедно со неговиот татко Мајкл Арнолд, кој воедно ги управува и финансиите на фудбалерот. Во ова треба да им помогне и инвестициски фонд од Лондон.
Првично, дефанзивецот на Ливерпул се интересирал за купување на Сент Етјен и на Ле Авр, но на крајот одлучил да инвестира во Нант.
Во моментот сопственик на клубот е францускиот бизнисмен Валдемар Кита, кој го води од 2007 година, но не е многу популарен меѓу навивачите на тимот. Неуспехот да изгради нов стадион кој ќе припаѓа на Нант, како и споровите околу телевизиските права за Лига 1, придонеле за неговата подготвеност да го продаде клубот.
Во текот на летото, Кита имал видео-разговор со семејството Арнолд, а последниве денови двете страни имале средби во Женева и во Лондон. Се смета дека понудата на Англичаните е 100 милиони евра – директна сума од 80 милиони и дополнителни 20 милиони како кредит, како и разни бонуси до 40 милиони евра.
Во меѓувреме, од Нант негираат дека постојат преговори меѓу двете страни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
