Дани Карвахал, легендата на Реал и репрезентацијата на Шпанија, клучен играч при освојувањето на европските титули со клубот и националниот тим, откри дека фудбалерите планираат радикален протест против сè поголемиот број натпревари.
„Штрајкот поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција, можност која ние, играчите, ја разгледуваме. Никој не нè прашува за ништо, воопшто не обрнуваат внимание на нас, и затоа мораме да го кренеме гласот“, изјави тој за популарната радио-емисија „Tiempo de Juego“.
Играчите во врвните клубови и репрезентации се огорчени поради фактот дека веќе пренатрупаниот распоред на натпревари оваа сезона е уште поинтензивен.
На пример, минатата сезона Реал Мадрид одигра 55 натпревари.
Оваа сезона, поради новиот формат на Светското клупско првенство, може да одигра над 70 натпревари. Ако на тоа се додаде фактот дека од минатото до ова лето, репрезентацијата на Карвахал одигра дури 18 натпревари, јасно е зошто Шпанецот е најновиот играч во низата што изразува огорченост поради преголемиот број натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski