
Сергеј Јакировиќ веќе не е тренер на Динамо Загреб, објави клубот преку официјално соопштение. Работата го чинеше серијата на лоши резултати која започна со ремито со Ријека (1-1), продолжи со минималниот пораз од Хајдук (0-1) на „Максимир“ и историскиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите (9-2).
Јакировиќ на клупата на Динамо остана нешто помалку од година и еден месец. На „Максимир“ пристигна на почетокот од минатата сезона во контроверзен трансфер, кога поради повикот од Динамо, веднаш ја напушти Риека среде борбата за пласман во европските натпреварувања.
Динамо го водеше успешно до двојната круна, но и за време на минатата сезона често му се замеруваше за недоволно офанзивниот стил на игра и што дури во завршната фаза од првенството стекна опиплива предност пред Ријека и Хајдук. Претходно ги водеше Сесвете, Горица, Марибор и Зрињски.
Јакировиќ по поразот од Баерн беше прашан дали се плаши од реакцијата на управата на клубот.
„Тоа не е прашање за мене. Јас навистина поминав низ многу, свесен сум за некои работи, нека удрат слободно по мене, но јас ја вршам работата најдобро што можам. Ако видам дека тимот не ме следи, самиот ќе го решам тоа“, изјави Сергеј Јакировиќ.
Како потенцијални замени се споменуваат поранешниот тренер на Динамо, Ненад Бјелица, и неодамнешниот тренер на Риека, Жељко Сопиќ, кои моментално се без ангажман. Аријан Адеми и Стефан Ристовски многу брзо треба да добијат нов тренер, кој ќе го води тимот во продолжението од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
