Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е нов фудбалер на холандскиот шампион ПСВ Ајндховен. Тој пред неполн месец замина од редовите на Хајдук Сплит, преговараше со неколку италијански клуба, но на крајот ја прифати понудата на ПСВ.
Перишиќ потпиша едногодишен договор со холандскиот клуб.
„Кога имате толку многу одиграни натпревари како Иван Перишиќ, сигурно сте добар фудбалер кој речиси секогаш е во топ-форма. Во спротивно не би стигнале ни приближно на оние 612 средби и 141 гол што ги има Перишиќ во својата кариера. По повредата на Лозано ни се отвори место на крилните позиции, а Иван може да ни помогне и на други позиции во екипата“, изјави спортскиот директор на ПСВ Ајндховен, Ернест Стјуарт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













