
Голгетерот на Светското првенство во 1990 година, Салваторе Скилачи, почина утрово на 59-годишна возраст, пренесуваат италијанските медиуми. Поранешниот напаѓач, кој последните две години се бореше со рак на дебелото црево, беше примен во болницата во Палермо на 7 септември во тешка состојба.
Два дена подоцна од клиниката соопштија дека Скилачи се чувствува многу подобро, но подобрувањето, за жал, било само привремено. На 14 септември неговото семејство објави дека Тото се бори со сите сили. Денес таа борба заврши за еден од омилените фудбалери во Италија.
Скилачи постигна седум голови на 16 натпревари за италијанската репрезентација. Шест од тие голови ги даде за време на Светското првенство во 1990 година, благодарение на што ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец на турнирот.
На клупско ниво, Тото постигна 61 гол на 219 натпревари за Месина, по што премина во Јувентус. За „бјанконерите“ постигна 26 голови на 90 натпревари во Серија А. Помеѓу 1992 и 1994 година играше за Интер, а на крајот од кариерата го носеше дресот на јапонскиот Џубило Ивата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
