Хрватскиот првак Динамо Загреб имаше ужасен старт на Лигата на шампионите. Во Минхен доживеа вистински дебакл од Баерн и загуби со 9-2.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, по натпреварот се извини на фановите и истакна дека Динамо во овие мигови мора да покаже единство.
„Пред сѐ, сакам да им се извинам на сите фанови на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат покрај нас во овие тешки мигови. Не е воопшто лесно да се коментира после еден ваков пораз. Ние не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Сега е најлесно да се впери прстот во некого и да се каже дека е виновен, но само заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација. Динамо со години гради имиџ и ова е неприфатливо за нас. Имам само една молба, да останеме заедно и во единство да го пребродиме ова. Само така можеме да одиме напред“, изјави Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski