Европскиот првак Реал Мадрид успешно ја стартуваше одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Штутгарт ги намачи „кралевите“ кои сепак на крајот славеа со 3-1.
Килијан Мбапе го отвори резултатот во 46.минута, но израмни Дениз Ундав во 68.минута. Антонио Рудигер со удар со глава ја врати предноста на Реал во 83.минута, а триумфот го потврди Ендрик, кој исто како и Мбапе, го постигна дебитантскиот гол за новиот тим во ЛШ.
Ливерпул го победи Милан на „Сан Сиро“ со 1-3. Кристијан Пулишиќ во третата минута донесе водство за Милан, но дефанзивците Конате и Ван Дајк со два гола направија пресврт до полувремето. Третиот гол за Ливерпул беше дело на Доминик Шобошлаи.
Баерн Минхен до декласира Динамо Загреб со 9-2. Хари Кејн од пенал ја отвори серијата, а Гереиро и Олисе до крајот на првиот дел зголемија на 3-0. Динамо изненадувачки постигна два гола за две минути, преку Петковиќ (49.) и Огивара (50.), но потоа почна канонадата на Баерн. Хари Кејн постигна уште три гола, а погодија и Олисе, Сане и Горецка.
Спортинг Лисабон ги победи Лил со 2-0, со головите на Ѓокереш и на Дебаст.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski