Јувентус се врати во Лигата на шампионите и успеа да триумфира на почетокот на новото издание на елитното европско натпреварување. Премиерниот меч на Тијаго Мота на кормилото донесе триумф од 3-1 за Јуве против ПСВ Ајндховен.
Кенан Јилдиз го отвори резултатот, а Вестон Меккени зголеми на 2-0. Нико Гонзалес на стартот на вториот дел постигна трет гол и беше јасно дека Јувентус ќе забележи победа. ПСВ постигна почесен гол преку Исмаел Саибари во судиското продолжение од мечот.
Астон Вила беше убедлива на гости кај Јанг Бојс и славеше со 0-3. Јан Тилеманс обезбеди водство во 27.минута, а до крајот на првиот дел погоди и Џејкоб Рамзи. Во вториот дел Амаду Онана во 86.минута го заокружи убедливиот триумф.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski