Раководството на Рома му ја даде довербата на тренерот Даниеле Де Роси и покрај лошиот старт на сезоната, пишува весникот “Ил Месаџеро”. „Волчицата“ сè уште нема победа оваа сезона и се наоѓа во долниот дел на табелата во Серија А.
Сопствениците на клубот, Дан и Рајан Фридкин, пристигнаа во Рим за да ја разгледаат ситуацијата во клубот, но, според информациите, нивната посета била планирана предвреме и не е поврзана со неубедливите резултати на тимот.
Посетата на шефовите повеќе се однесува на проектот за новиот стадион на Рома, пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите, браќата Фридкин имаат целосна доверба во Де Роси и веруваат дека тренерот ќе го извлече тимот од кризата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













