
Барселона делува како казнена експедиција на стартот од Ла Лига. Тимот на Ханси Флик ја оствари петтата победа во исто толку натпревари, откако славеше убедливо против Џирона со 1-4. Бојан Миовски остана на клупата за резерви во домашниот тим.
Ламин Јамал со два гола, во 30. и во 37.минута донесе солидна предност за Барса, а на почетокот на вториот дел Дани Олмо погоди за 0-3. Веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите.
Педри во 64.минута постигна и четврти гол за Барселона, а Стуани до крајот постигна почесен погодок и за Џирона.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement