Connect with us

Џорџо Кјелини се врати во Јувентус

Легендарниот дефанзивец Џорџо Кјелини се враќа во Јувентус. Од понеделник, тој ќе започне со работа како раководител за фудбалски врски со институциите, објавија „бјанконерите“.

Тој ќе биде во директна врска со извршниот директор Маурицио Сканавино.

„Оваа улога совршено одговара на академското образование кое Џорџо го стекнал“, се наведува во соопштението на клубот.

Кјелини играше за Јувентус од 2005 до 2022 година, запишувајќи 561 натпревар за „старата дама“. Неговата играчка кариера ја заврши по престојот во Лос Анџелес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови