Струга Трим Лум забележа три победи во новата сезона, но сите на домашен терен. На единственото гостување против Работнички забележа неуспех, па затоа денешниот дуел против Пелистер во Битола ќе биде сериозен предизвик за тимот на Ќатип Османи.
„Пелистер е квалитетен тим, кој многу подобро игра пред своите гледачи. Ние ќе мораме да бидеме максимално одговорни и да покажеме шампионски менталитет доколку сакаме да ја оствариме целта и да ги освоиме бодовите. Јасно е дека нѐ очекува тежок натпревар“, вели тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.
Дербито се игра на Чаир, каде гостува Шкендија, а Гостивар на стадионот „Борис Трајковски, пред празни трибини, ќе го пречека Вардар.
Работнички е домаќин на Тиквеш. „Романтичарите“ се пријатно изненадување по првите четири кола и се без пораз, а за нов предизвик го имаат актуелниот освојувач на Купот, тимот на Тиквеш.
Брера со новиот тренер Горазд Михајлов ќе се обиде да излезе од кризата, а денеска го пречекува новиот прволигаш Беса.
Воска Спорт во Охрид е домаќин на Силекс.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 5. КОЛО (15 ЧАСОТ)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
ГОСТИВАР – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
БРЕРА – БЕСА
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski