Џенаро Гатузо го одржа ветувањето што им го даде на играчите пред дербито на „Максимир“. Тренерот на Хајдук им вети нови ајфони, а по вчерашното дерби и победата со 0-1, италијанскиот стручњак купи 30 мобилни телефони и им ги подели на играчите и стручниот штаб.
За Гатузо, ова беше деби на клупата на Хајдук во најголемото хрватско дерби, а трите бода и врвот на табелата му ги донесе Марко Ливаја со голот во 70. минута.
„Зад себе имам 400 натпревари како тренер на големи клубови, имам искуство и почувствував дека овие играчи ми го дадоа срцето и јас не смеам да ги разочарам. Затоа нема да заминам. Би бил ‘гомно’ и мал човек ако сега ги напуштам овие играчи. Ако тоа не го чувствував, ќе ги шетав моите кучиња на Марбеља“, изјави Гатузо по натпреварот.
Претходно од клубот беше сменет спортскиот директор Никола Калиниќ, кој всушност и го доведе Џенаро Гатузо на „Пољуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













