
Гостивар в недела ќе го пречека Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а домашниот клуб донесе одлука натпреварот да се игра без присуство на гледачи. На трибините ќе бидат присутни само раководствата на двете екипи, но на тоа јавно реагираше навивачката група „Комити“.
„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!
Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!
Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.
Локација: Кино Маџари
Поаѓање:14:00ч.
Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!
Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!
Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!
НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!“, стои во соопштението на Комити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal