
Англискиот првак Манчестер Сити веќе размислува за следниот летен преоден рок. Раководството на клубот ќе се обиде да го убеди менаџерот Пеп Гвардиола да остане на „Итихад“ и да ја продолжи одличната работа.
Гвардиола веќе девет години е на кормилото на Сити и најави дека во моментот неговите размислувања се во насока да замине, но тоа секако може да се промени со добар план.
Манчестер Сити има намера да ги доведе Џамал Мусијала и Флоријан Вирц, двајцата талентирани офанзивни играчи за врска од германската репрезентација и за нив ќе плати фантастични 300 милиони евра.
Се разбира, условите за останувањето на Пеп Гвардиола се посебна ставка и тие воопшто не се доведени во прашање, а се споменува сума од околу 20 милиони фунти годишно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski