Македонија одигра меч како од најдобрите денови и покажа дека сѐ уште има квалитет за големи дострели. Со десетмина на терен, избраниците на Благоја Милевски славеа со 2-0 против Ерменија, со головите на Енис Барди и на Бојан Миовски.
Новиот играч на Џирона, Бојан Миовски, вели дека Македонија покажа победнички менталитет кога беше најтешко.
„Беше многу тежок натпревар. Игравме со играч помалку, а претходно одигравме реми со Фарски Острови. Но, кога беше најпотребно покажавме победнички менталитет. Беше тешко да се пробие оваа Ерменија, но постигнавме два гола за значаен триумф. Нашата цел останува иста, првото место во групата“, изјави Миовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













