Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра вториот натпревар од новиот циклус на Лигата на нации. Ремито со Фарски Острови донесе непосакувана атмосфера, а селекторот Благоја Милевски изјави дека некои фудбалери со минимум емоции играат за националниот тим.
Тоа е она што секако може да се промени за три дена, да се заврти на максимум потенциометарот со емоциите и да видиме еден тим што има огромна желба за победа, што ќе излезе решително на терен и ќе стори сѐ за да стигне до триумф.
Ерменија е стар познаник, во моментот и тие се во подмладен состав, но не се селекција што е непобедлива.
„Не остваривме победа во воведното коло од новото издание на Лигата на нации, но нема предавање. Мечот со Фарски Острови е зад нас, со мислите сме комплетно насочени кон дуелот со Ерменија. Нашата улога секогаш е најважна, без оглед против која селекција играме. Од нас самите зависи како ќе одиграме и дали ќе оствариме позитивен резултат“, истакнува селекторот Благоја Милевски.
Најавени се и неколку промени во составот. Потребен е добро избалансиран тим, но агресивен, со нагласена желба за победа. Македонија, во оваа група од Лигата на нации, треба да биде на првата позиција.
Со Елмас, Барди, Миовски, со Столе Димитриевски на голот, Македонија може и мора многу повеќе! Навивачите и македонската јавност тоа сакаат да го видат на дело!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski