Connect with us

Тренерот и двајца фудбалери на Башкими имаа сериозна сообраќајна несреќа, и за среќа, се излекоа без повреди

Тренерот на македонскиот второлигаш Башкими, Баже Јанакиевски, со уште двајца фудбалери на тимот, Мемет Ризахамза и Борјан Пановски, имаа сообраќајна несреќа на пат кон тренинг, објави кумановскиот клуб. За среќа, иако возилото излетало од патот, тие се наоѓаат во добра здравствена состојба и за среќа минале без посериозни повреди.

„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски.

На нашите членови им посакуваме брзо заздравување и му благодариме на семоќниот Бог што оваа несреќа не доведе до фатални последици“, стои во објавата на клубот.

Башкими го започна првенството во Втората лига со две победи и еден пораз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови