
Поради нарушување на дисциплината, селекторот на репрезентацијата на Косово, Франко Фода, ги исфрли од селекцијата голманот Аријанет Муриќ, Едон Жегрова и Флорен Муслиja.
Првите двајца беа стартери на мечот со Романија, во поразот од 0-3 во Приштина, додека Муслиja тој меч го започна од клупата за резерви. Тој влезе во игра во 66. минута.
Според медиумите, причина за ваквата одлука на селекторот и Фудбалската федерација е забавата на тројцата споменати играчи по мечот со Романија.
Тие биле гости на еден ноќен клуб во Приштина, фотографијата брзо почна да се споделува на социјалните мрежи, а брзо стигна до селекторот и надлежните во федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
