Новиот играч на Јувентус, Николас Гонзалес, се повреди утринава додека играше за Аргентина против Чиле, во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година.
Аргентина го победи Чиле со 3-0 во Буенос Аирес, а Гонзалес ја напушти играта во вториот дел поради повреда на скочниот зглоб, објавија италијанските медиуми.
Првично се мислеше дека станува збор за повреда на мускулот, но неколку извори, вклучително и „ДАЗН“, јавуваат дека 26-годишниот играч го повредил зглобот.
Не е познато дали Гонзалес веднаш ќе се врати во Торино или ќе остане во репрезентацијата на Аргентина која во вторник на 10 септември игра против Колумбија.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, по натпреварот изјави дека е рано да се знае дали Гонзалес ќе биде подготвен за следниот натпревар.
Минатиот викенд Нико Гонзалес дебитираше за Јувентус, каде неодамна пристигна од Фиорентина, кога влезе од клупата за резерви во ремито 0-0 против Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













