Извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, ја отфрли можноста за отпуштање на тренерот Пауло Фосенка во оваа фаза. „Росонерите“ ја започнаа сезоната во Калчото со две ремија и пораз, поради што на првата пауза заминаа со само два освоени бода.
„Секако дека би сакале да имаме девет бода, но нема место за паника. Ние сме зад Фонсека и целиот тим. Тие уживаат целосна поддршка. Задоволни сме од работата на тренерот за време на претсезоната“, изјави Фурлани.
Тој увери и дека нема скандал меѓу Фонсека и фудбалерите Тео Хернандез и Рафаел Леао, кои не беа дел од стартниот тим на минатиот натпревар против Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













