
Барселона е доведена до работ на банкрот со годините на големи трошоци и сега работи под сериозни финансиски ограничувања наметнати од Ла Лига. Барселона може да троши онолку колку што заработува и да регистрира играчи колку што дозволува ограничениот буџет за плата.
Затоа, не можеше да го регистрира Дани Олмо откако го донесе од Лајпциг за 55 милиони евра, но и уште неколку играчи. Олмо влезе во тимот дури откако Андреас Кристенсен беше сериозно повреден, па беше отпишан, а Олмо беше пријавен.
Жоан Лапорта, претседателот на Барселона, откри кој му понудил помош во таа ситуација.
„Левандовски. Морам посебно да го споменам. Тој покажа колку е посветен на клубот. Кога слушна дека мораме да направиме дополнителни напори за да ги исполниме правилата за финансиски фер-плеј и за да можеме да ги регистрираме играчите, тој ни рече дека може да добие помала плата за да му помогне на клубот“, откри Лапорта.
Платата на Левандовски е огромна, за оваа сезона нејзината бруто сума е 33 милиони евра.
Голгетер дојде од Барселона пред две години од Баерн Минхен за обештетување од 45 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 99 натпревари за Барса, постигна 63 гола и забележа 18 асистенции.
Оваа сезона Левандовски постигна четири гола во исто толку натпревари и победи на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
