Connect with us

Милан не го пријави Лука Јовиќ за настапот во ЛШ

Италијанскиот калчолигаш Милан одлучи да се лиши од услугите на својот напаѓач Лука Јовиќ за натпреварите на тимот во групната фаза на Лигата на шампионите, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што е познато, секоја екипа на турнирот може да пријави најмногу 25 фудбалери, а најмалку четворица од нив да бидат јуниори на клубот, а уште најмалку четири да бидат продукти на школите на други екипи од истата земја.


Сепак, во тимот на Милан има премногу странци, а по потписот на англискиот напаѓач Тами Абрахам во последните часови од преодниот рок, клубот требаше да избере од кој играч ќе се откаже за натпреварите во Лигата на шампионите. На крајот миланскиот гигант реши тоа да биде Србинот Лука Јовиќ, кој е трет напаѓач во хиерархијата во составот на Пауло Фонсека по нводојдените, Алваро Мората и Тами Абрахам.


Интересно, тешко повредениот Алесандро Флоренци беше вклучен во составот за пополнување на квотата за Италијанци. Од друга страна, клубот го искористи правото да пријави дополнителен список составен само од негови јуниори. Во него беа вклучени дури 17 играчи, но без новите засилувања Силвано Вос и Алехандро Хименез, кои не ги исполнуваат критериумите за најмалку двегодишен престој во Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови