Адриен Рабио е пред потпис со саудискиот клуб Ал-Наср каде што настапува Кристијано Роналдо.
Французинот долго чекаше, но ниту еден од поголемите клубови не беше конкретно заинтересиран во текот на преодниот рок за да се финалисира трансфер. Единствено турскиот клуб Галатасарај му понуди годишна плата од пет милиони евра, еден милион помалку од претходниот клуб Јувентус, па на крајот играчот од средниот ред одлучи да замине во Саудиска Арабија.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус таму ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона.
Ал-Наср нема освоено трофеј од доаѓањето на Кристијано, заедно со Португалецот во тимот се Брозовиќ, Французинот Симакан, Лапорт, неколку Бразилци, но очигледно дека се потребни уште засилувања.
Рабио одигра одлична сезона во Јувентус, постигна пет гола, беше клучен играч во сезоната за враќање во Лигата на шампионите, но не го продолжи договорот.
Се споменуваше дека е заинтересиран Реал Мадрид, заедно со Арсенал и со Манчестер Јунајтед, но никој од нив не оствари конкретни преговори со неговата мајка Вероника, која е и негов агент.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski