Аурелиен Чуамени се повлече од селекцијата на Франција за претстојните натпревари од Лигата на нации.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид во понеделникот го напушти кампот поради проблем во левата нога. Тој сега ќе ги пропушти натпреварите на неговата земја против Италија на 6 септември и Белгија три дена подоцна.
Чуамени ќе биде подложен на дополнителни тестови од лекарскиот тим на Мадрид. Засега е рано да се прогнозира дали ќе биде подготвен за натпреварот против Реал Сосиедад на 14 септември (недела). Се верува дека повредата не е сериозна.
Пред репрезентативната пауза, 24-годишниот фудбалер ги започна сите четири натпревари за „кралскиот клуб“ во Ла Лига.
Чуамени има 36 натпревари за репрезентацијата на Франција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













